English French German Macedonian

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ДИПЛОМИ ПО РАСПИШАНИОТ КОНКУРС ЗА КРАТОК РАСКАЗ НА ТЕМА „ЉУБОВ СО ГОЛЕМИ ДЕЛА - Б

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената, на ден 6.3.2019 (среда), во 17 часот во салата за промоции на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, во организација на Организација на жени – Битола и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа СВЕЧЕНА ПРОГРАМА НА КОЈА БЕА ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ И ДИПЛОМИ ПО РАСПИШАНИОТ КОНКУРС ЗА КРАТОК РАСКАЗ НА ТЕМА „ЉУБОВ СО ГОЛЕМИ ДЕЛА - БАБА“. Од пристигнатите 18 творби, жири комисијата во состав: Илче Стојановски, Елизабета Марковска и Светлана Папачек ја донесоа следната одлука: - во конкуренција ученици беа доделени следните награди: I награда за творбата „Љубов со големи дела“ од авторката Михаела Марковска од ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Добрушево, II награда за творбата „Баба“ од авторката Лела Стојановска од ОУ „Св. Климент Охридски, Битола и III награда за творбата „Љубов со големи дела“ од авторот Николче Вашеревски од ОУ „Браќа Миладиновци“, с. Добрушево. - во конкуренција возрасни беа доделени следните награди: I награда за творбата „Планина од полски цвеќиња“ од авторката Ели Маказлиева, II награда за творбата „Баба Неша“ од авторката Габриела Стојаноска - Станоеска и III награда за творбата „Душата на мојата баба“ од авторката Снежана Паноска. Во програмскиот дел на Манифестацијата со музички поетски творби настапија децата од детската градинка „Мајски цвет“ – Битола. На следниот линк следат повеќе фотографии  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157273489283679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер