English French German Macedonian

„Креативни умови ја креираат иднината„

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Учениците од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битолската библиотека денеска беа како учесници во реализацијата на проектот „Креативни умови ја креираат иднината„  Здружението за развој и иновации на библиотеки “Инова Либ“.
Во просториите на  НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола учениците имаа прилика да се запознаат со современо библиотечно работење преку информации за можности кои библиотеката им дава на нејзините членови, со посебен акцент на лица со попреченост и користење на аудио библиотечен материјал. Одржано е и прилагодено предавање за неколку тематски содржини во насока на професионалниот развој кај младите и за лица со попреченост и тоа:
- Објаснување на системот за високо образование во РМ и што тој нуди;
- Информации за студирање во странство (како да се насочат, каде да се информираат, што се бара при упис и сл.)
- Информациска писменост - како до релевантни информации
- Ефективно пребарување на информации на Гугл.
- Пишување мотивациско писмо и CV
Темите се дел од Проектот “Креативни умови ја креираат иднината”, финансиран од Владата на САД, подготвено од Здружението за развој и иновации на библиотеки “Инова Либ“ и претставуваат воведување на нови библиотечни услуги.  Следат повеќе фотографии на следниот линк   https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157211030308679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер