English French German Macedonian

„Млади поетски перформанси“ 2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола започна да го реализира проектот „Млади поетски перформанси“, наменет за млади автори на поетски творби од Пелагонискиот регион, за ученици од 5-9 одделение од основните училишта, ученици од средните училишта и млади на возраст од 18 до 24 години. Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објави со што ќе им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја. Проектот опфаќа конкурс за доставување на поетски творби, кој ќе биде распишан од 10.09. – 28.09.2018 година. Литературните творби треба да се достават, на адреса: Национална установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, ул. „Пече Матичевски“ бр. 39, 7000 Битола, со назнака – За награден конкурс, како и на маилот: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со назнака – за награден конкурс. Резултатите ќе бидат објавени на нашата web страна: www.nuub.mk и на facebook профилот: НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола. Проектот се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Најдобрите, најквалитетните творби ќе бидат објавени во заедничката збирка на поезија и ќе бидат промовирани во просторите на Библиотеката на датум кој дополнително ќе се определи.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер