English French German Macedonian

Работилница “Тајните на археологијата“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На двочасовна работилница во просториите на НУ Завод и музеј Битола, дечињата и учителката Весела вчера ги открива тајните на археологијата.
Истражуваа повеќе поими кои децата ги слушаат на телевизија, но не се сигурни или воопшто не го разбираат нивното значење, ги прошируваа своите претстави и искуства и го богатеа детскиот речник. Учеа и применуваа правила за културно однесување во оваа институција додека собираа информации за експонатите во музејот и имињата на локалитетите на кои се најдени.

Преку ротација во групи со различни активности дечињата имаа прилика да искусат различни прилики за учење низ игра и креативна работа.

Читаа книги и налози со информации и легенди за да стекнат претстави кои им послужија за изработки на рагледници од неколку познати локалитети и археолошки наоѓалишта во Македонија. Учителката вели дека ова е од особена важност за нив како граѓани.
- Ова е прилика да поттикнеме интерес за истражување на сопственото културно наследство, богатсво и желба за посета на интересни места токму во наша земја. Кокино, Куклица, Стоби, Хераклеа...Тоа се неколку од местата кои сите мора да ги посетиме со своите дечиња.
Дечињата имаа прилика да учествуваат и во симулација на собирање и почетна анализа на материјални остатоци за време на импровизирано археолошко ископување. Наоѓаа фрагменти, ги обележуваа, анализираа, мереа, ги цртаа, соработуваа во обид да состават целини, истражуваа со лупи и нараквици...
Групата која имаше задача да изработи реплики на експонати работеше со глина и креираше сувенири, но и црташе артефакти во работни налози на кои беа испечатени витрини за изложување. Ученици во улога на ментори со леснотија ја превземаа улогата на учители при секоја ротација на групите и успешно ја водеа слекоја следна активност, по редослед на задачите запишани во работниот налог.
Истражуваа за фосилите, добија идеи како да си изработаат сувенири со фосилни остатоци, се дружеа со книгите за диносаурусите, составуваа целини со одрежување и лепење на содржини од информативни работни налози.
Темата е обемна и многу интересна за децата, независно од возраста- вели учителката Весела, а библиотеката е богата со интересни книги кои ги покриваат овие теми па и за време на оваа работилница дечињата имаа прилика да се дружат со нив. Музејот широко ги отвори вратите за реализација на оваа наша мисија и навистина сите се чувствуваме прекрасно.
Работилниците се дел од БИТ ФЕСТ 2018, во организација на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола. Им благодариме на НУ Завод и Музеј - Битола

Следат повеќе фотографии на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156669173933679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер