English French German Macedonian

Прва работилница во рамки на проектот „Креирај - Слемирај“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 06.07.2018 година  во просториите на Национална установа  Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа првата работилница за слем – поезија.
Учесниците имаа можност да се запознаат со слем-движењето кај нас и пошироко. Исто така имаа можност да креираат своја творба на која ќе работат во текот на наредните работилници и ќе земат учество во завршниот настан – Натпревар за слем-поезија.
Проектот е замислен во вид на три работилници низ кои учесниците ќе се обучат за слем-поезија и ќе имаат можност да настапуваат и да се натпреваруваат како слемери.

Во текот на работилниците учесниците ќе имаат можност да:
 научат за значењето и употребата на слем поезија
 да го развијат креативниот потенцијал
 да работат на својот настап
 активно да учествуваат на натпреварот
 да учестуваат во Збирка поезија со своја оригинална песна
Проектот насловен како „Креирај- Слемирај!“ е поддржан од страна на „Бит Фест“ програмата за развој на Битолско културно лето. Слем- поезијата е одлична можност за младите да ги научат современите уметнички перформанси и да ги изразат своите стихови во вид на личен став со кои ќе поттикнат прашања во нашиот град.
Едукатори на работилниците се Ана Гегова, Елена Богадновска.
Наредната работилница ќе се оддржи во 10.07.2018 година.

Слики следат на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156637174038679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер