English French German Macedonian

Работна средба, 08.02.2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На ден 08.02.2018 година во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ е одржана работна средба на в.д. директорите на националните институции Завод и музеј – Битола, д-р Мери Стојанова и НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, м-р Јелена Петровска и историчарот проф. д-р Александар Литовски со почесниот конзул на Р. Австрија во Р. Македонија д-р Валентина Илиева.

Состанокот беше инициран како можност за соработка на институциите од културата со Конзулатот на Р. Австрија во Битола. Беа презентирани информации во врска со организацијата и подготовките за симпозиумот „Почетоците на Австриската дипломатија во Македонија –со посебен осврт на Австриско – унгарскиот конзулат во Битола/Монастир 1851-1919“, кој ќе се одржи во Битола есен/зима 2018 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“. Во истиот период се планирани и други активности поврзани со темата како што е пригодна изложба и распишување на конкурсот за ликовни творби на зададена тема со ученици од основните училишта.

Се разговараше за можни идни заеднички проекти од двете институции, но и за конкретни активности за поголема препознатливост на институциите од културата во градот.

Со почесниот конзул се договорени литературни читања на германски и македонски јазик како дел од програмата за доближување на светската книжевност кон читателите во Битола.

Во втората седмица на месец март во план е организација на семинар за професори по германски јазик и литературно читање на авторката Ренате Велш од Виена Австрија.

Веќе традиционално во октомври се планираат и активности поврзани со манифестацијата Австрија чита 2018.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер