Во светот денес се зборуваат околу 7000 јазици. За жал секоја година дел од јазиците изумираат. Се со цел зачувување на мајчиниот јазик на заедниците, на Генералната конференција на УНЕСКО 1999 година, 21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик. По тој повод, една од активностите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола со учениците од ООУ „Елпида Караманди“ – Битола беше читање на лични творби на повеќе јазици. Учениците под менторство на наставничката по македонски јазик Сузана Петковски, ни прочитаа творби на македонски, влашки, албански, англиски, германски и на италијански јазик.