Библиотеката продолжува со кампањата за читање на глас. Читањето на глас е клучна метода за развивање на читачки навики и постигнување на успех во училиштето, како и стекнување на знаење и вештини. Може да биде семеен ритуал посебно во студените денови кога се нема идеја што да се прави дома.
На овој начин се работи на превенција на тешкотии при читањето. Книгата е во центарот на вниманието на детето и извор на корисно и возбудливо искуство. Се проширува речникот на најмладите и нивното општо знаење, бидејќи тоа што го читаат може да го поврзат со тоа што го гледаат и слушаат околу себе. Кога родителите читаат на глас, стануваат пример за децата и ја пренесуваат
љубовта спрема книгата.
Децата се запознаваат со литературниот јазик што се разликува од секојдневниот што е важно за образованието Додека слушаат, децата фантазираат за луѓето, местата и ситуациите кои не ги запознале и доживеале.
За значењето на читањето на глас денес реализиравме низа активности во ООУ „Гоце Делчев” – Битола со учениците од петто одделение.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook