Читањето не е само добра забава. Секојдневното читање може да ве направи попаметни, порелаксирани луѓе. А позитивните ефекти може да се почувствуваат на било која возраст: дури и пред целосно да ги развијат вештините за читање, децата може да имаат корист од пристапот до книгите доколку родителите редовно им читаат.
Кога родителите им читаат на глас на своите деца, тие можат да ги пренесат придобивките од читањето и да поттикнат значајни интеракции. Истото се случува и со врсничкото читање. За да ги искористат позитивните ефекти од читањето на децата, треба да се држат до книгата.
Денес другарувавме со книгата и со прекрасните приказни кои ги има во неа со учениците од петто одделение од ООУ „Стив Наумов” – Битола, со цел јакнење и развивање на индивидуалните чувства и доживувања во однос на дадена поетска лирска творба која ја рецитираа.
Со оваа активност направивме „Подвижен мост” помеѓу читањето на глас, рецитирањето и разговорот, како и илустрација на прочитаното.
Секој треба да чита, затоа што може да има бенефиции од читањето кои се согледуваат низ годините што доаѓаат.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook