Библиотеката продолжува со кампањата за читањето на глас и меѓународниот ден на раскажување на бајки. Читањето на глас во комбинација со раскажување е клучна метода за развивање на читачки и говорните навики и постигнување на успех во училиштето, како и стекнување на знаење и вештини. Со овие активности се проширува речникот на најмладите и нивното општо знаење, бидејќи тоа што го читаат и го прераскажуваат.
Со тоа децата се запознаваат со литературниот јазик што се разликува од секојдневниот што е важно за образованието. Додека слушаат, децата фантазираат за луѓето, местата и ситуациите кои не ги запознале и доживеале.
За значењето на читањето на глас денес реализиравме низа активности во ООУ „Климент Охридси” – Битола со учениците од четврто одделение.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook