НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола им го честита 11 Октомври на сите граѓани на Република Северна Македонија.

11 Октомври 1941 – Денот на народното востание на македонскиот народ е симбол на македонската борба за слобода. На овој ден во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и борбата за самостојност и самобитност. На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна, суверена и независна држава.

Нека ни е честит 11 Октомври!!!