Како дел од програмата на средбата на хоритикултурни библиотеки поставена е изложба на учениците од
III-6 одд.: Меланија Величковска, Андреа Влкановска, Михаил Дуковски, Јована Кочевска, Марија Марковска, Мила Николоска, Никола Петревски, Дамјан Пишмановски и Матеј Танаскоски од ООУ Тодор Ангелевски – Г.Оризари, Битола под менторство на учителката Бисера Петровска Аргиновска и учениците од ООУ Коле Канински – Битола под менторство на учителките Магдалена Костова (V одд.) и Јасмина Најдовска (IV одд.).
Едукацијата на најмладите е една од целите во библиотечните програми и само со широка поврзаност на образованието со институциите од другите области, особено од областа на културата, ќе можеме да ги подготвиме новите генерации за предизвикот на новото време.
Од името на тимот на библиотеката што го реализира проектот за Хортикултурни библиотеки искрено им благодариме за поддршката.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола
22.05.2024.год. Битола