Со гордост учестувавме на Европската конференција “RESUME goes Europe” и Годишното Собрание на Европската мрежа “Mentors of Europe’s Diversity” во Унгарија!
М-р Фатма Бајрам Аземовска, библиотекар советник беше една од говорниците и зборуваше на тема „Потребите на возрасните во различни полиња од секојдневието, исто така ги презентира постигнатите резултати од проектот „Sasas Jekhvar Jekh… Once Upon a Time… and now,“ дел од програмата ЕРАЗМУС+.
Учеството на вакви значајни европски конференции е од клучна важност за библиотеката, бидејќи овозможува размена на идеи, проширување на мрежи и унапредување на меѓународната соработка за подобра инклузија и развој на библиотекарството
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook