На 2.11.2023 наши гости беа учениците од шесто до деветто одделение од ОУ „Гоце Делчев“ – Могила, со наставничките Ивана Нојкова Наумовска, Евгенија Дика Талеска, Елизабета Поповска и Зорица Диневска, како дел од нивните активности посветени на културата, учениците имаа можност да се запознаат со работата на библиотеката и условите кои таа им ги нуди.

Новата дневна соба, новиот уреден простор во читалната беа дел од новитетите кои учениците можеа да ги видат. Библиотеката ги прати светските трендови и секогаш се прилагодува за потребите на читателите да им понуди нешто плус.

Богатиот фонд на книги наменети за нивна возраст поттикна дискусија за тоа што сакаат учениците на нивна возраст најмногу да читаат. Учениците видоа дека покрај лектирите, нашата библиотека располага со голем број на книги со соодветни содржини кои можат да го привлечат секој, кон пишаниот збор.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook