21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на многу интересен начин го одбележаа и учениците од 4 и 6 одделение од ООУ ,, Славко Лумбарковски” – Новаци. Тие имаа можност да се запознаат со денот на македонскиот и англискиот јазик преку PPT презентација. Потоа учениците изработија постер со пишување на мисли за мајчиниот јазик од домашни и светски автори. Во оваа активност учениците работеа под менторство на наставниците: Вецко Стојчевски, Билјана Цветковска, Анета Соклевска и библиотекар Даниела Ристевска.

Facebook link