Учениците од 9 одделение од ООУ„Тодор Ангелевски“ – Битола со својата наставничка по македонски јазик Миме Тасеска-Китановска, денес ја посетија библиотеката и имаа можност да се запознаат со одделите и фондот со кои располагаме. Библиотеката им нуди можности за користење на читални и бесплатен интернет, но и стручни материјали кои можат да ги користат кога сакаат да истражуваат.

Facebook link