Трет стручен собир на Факултетски библиотеки на тема Автоматизација библиотечните процеси како процес за подигање на студирањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, 05.10.2023

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола во рамките на реализација на проекти подржани од Министерство за култура на Р. Северна Македонија се одржа Трет стручен собир на Факултетски библиотеки на тема : „Автоматизација библиотечните процеси како процес за подигање на студирањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Собирот со воведни излагања го отворија директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски и м-р Јелена Петровска библиотекар и програмски раководител.

Координатор на проектот Ирена Колевска библиотекар.

Темата беше разработена со две презентации.

На собирот се поттикнаа темите за статусот на факултетските библиотеки на УКЛО, можноста за стекнување со стручни звања и напредок во професионалната кариера.

Учесниците имаа и дискусија по однос на темите, имаа можност да ги евалуираат предавачите и да добијат сертификат за присуство.

Дадени се предлози за стратегија за развој на факултетските библиотеки како и предлог за следниот стручен собир.

Подготвил:

Ирена Колевска – библиотекар

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook