И оваа учебна година НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола ја продолжува кампањата за доделување на Ваучери за едногодишна бесплатна членарина за сите ученици од прво одделение.

Кампањата ја започнуваме со првачињата од ООУ„Гоце Делчев“- Битола на кои директорот на НУУБ„Св. Климент Охридски“- Битола, м-р Бојан Стефановски лично им ги подели ваучерите и им посака среќен и успешен почеток.

Би сакале да изразиме благодарност до директорката Наташа Ставревска од ООУ „Гоце Делчев“ Битола заедно да ја споделиме радоста на првачињата и за успешната соработка.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook