Денес учениците од III-a, IV-a, од ООУ„Трифун Пановски“ – Битола има можност да се запознаат со писателка Елизабета Стевановска, која им зборуваше за своите почетоци и како таа почна да пишува книги поезија. Писателката им порача на децата да читаат, да си ги запишуваат сите мисли, бидејќи никогаш не се знае каде можат да конкурираат со истите.

За оваа средба да биде уште поубава учениците прочитаа свои мисли пред писателката и ни претставија прекрасни изработки кои ги подготвија заедно со своите наставнички Лидија Поповска, Јасмина Стојановска и Гордана Станојевска.

Писателката ја испративме со прекрасен поклон кој го подготвија учениците и благодарница за соработката која и ја врачи директорката на ООУ„ Трифун Пановски“ – Битола, Лилјана Николова

Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook link