На ден 10.11.2022 година, вработените м-р Фатма Бајрам Аземоска и м-р Јелена Петровска остварија работна средба во Министерството за култура на Република С. Македонија со раководителката на одделението за библиотечна дејност, Љумтурије Зајази и други претставници од самото министерство.
За време на состанокот беа претставени целите на проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“ .
Проектот цели кон следново:
– Ќе бидат изразени имагинациите, идентитетот и сеќавањето на ромските заедници, како и нивните навики, вредности и традиции
– Ќе се промовира писменоста на Ромите (читатели и слушатели)
– Децата на Ромите ќе најдат подобар пристап до својот мајчин јазик и полесно ќе го учат
– Ќе се поттикне желбата за читање и литература
– Ќе се посредуваат приоди за решавање на проблемите и вредностите од поглед на ромските заедници
– Ќе се подобрат когнитивните, лингвистичките и креативните вештини за пишување
– Ќе се најдат одговори на прашањата за потеклото, пренесувањето и зачувувањето на ромските бајки и нивното значење за културниот идентитет на Ромите.
– Ќе се промовира научниот дискурс во врска со историскиот развој, класификацијата и стандардизацијата на ромскиот јазик
– Ќе се оживее традицијата на раскажување
– Мнозинството ќе се запознае со ромските бајки како релевантен дел од нивната култура, но и како дел од европското културно наследство.
– Ќе се намалат предрасудите и стереотипите.
Ова ќе придонесе за зачувување на ромскиот јазик како релевантен дел од културниот идентитет на Ромите, за негово искористување за конкретни понуди за доживотно учење, особено во образованието на возрасните, и за промовирање на вклученоста на Ромите.
Министерството за култура на Република Северна Македонија даде целосна поддршка за имплементирањето на активностите и постигнување на резултатите од проектот.
Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.
Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата и координиран од германската организација „Југендстил“