Да и посакаме добредојде на пролетта, да го одбележиме денот на екологијата, светскиот ден на поезијата и светскиот ден на децата со Даунов синдром под мотото „Со нас – не за нас“.
Освен што и кажавме големо „Добредојде“ на пролетта, своето внимание го фокусиравме на пристапот заснован на човековите права кон попреченоста, односно да се третираат праведно, да имаат исти можности и слобода да направат сопствен избор.
Во чест на сите овие денови, со децата со Даунов синдром реализиравме повеќе активности во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.
Засадивме цвеќиња во различни бои, нацртавме шарени чорапчиња кои се симбол на овие деца и подготвивме свечена програма со рецитал и музички точки со учениците од петто одделени од ова училиште.
Проектот има за цел во своите активности да вклучи што повеќе вакви дечиња со цел да го разбуди ентузијазмот и да ги мотивира и оние лица со навидум помали потенцијали.
Голема благодарност до Green Garden Centar & Rasadnik и Meri Mrmacovska и сите учесници во реализацијата на активностите и до сите присутни кои ја збогатија програмата.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook