Неделата на раскажување на бајки ја завршивме со прекрасната бајка на браќата Грим ,,Волкот и седумте јариња”, а со оваа бајка Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост „Сложувалка Срце” во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски – Битола, започна со реализација на проектот ,,Книгата прозорец – кон светот” поддржан од Министерството на култура на Р. С. Македонија.
Во првата работилница насловена „Секое дете заслужува да биде дел од бајка”, учество зедоа деца со типичен и атипичен развој од основно образование. Низ игра, песна и прекрасен перформанс на бајката, сите заедно уживавме и уште еднаш покажавме дека сите деца се исти и заслужуваат исто.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook