Светскиот ден на поезијата е покана да се размислува за моќта на јазикот и целосен развој на креативните способноси на секој човек. Овој ден значи поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетските рецитали и обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството). Денес по повод Светскиот ден на поезијата во салата за промоции беше одржана манифестација на која учество зедоа учениците од шестто одделение од ОУ. Стив Наумов – Битола под менторство на наставничката Магдалена Сајкова кои читаа песни од странски и македонски поети и испратија пораки во чест на стиховното творештво.
Голема благодарност до младите поети:
1. Димитар Симоновски
2. Ева Стојановска
3. Симона Димовска
4. Михаела Иванова
5. Надја Колески
6. Лили Велјанова
7. Изабела Атанасовска
8 .Илијана Дојчинова
9. Ива Ласовска
10. Сара Сековска
11. Матеј Кочовски
12. Андреј Митровски
13. Горана Стојановска