Жени! Мајка, баба, сопруга, сограѓанка, активистка! Секоја посебна, секоја со тон приказни кои ги носи нанижани од животното искуство кое ги прави само помудри. Години наназад нашата библиотека соработува со Организацијата на жени од Општина Битола, преку најразлични активности. Денес имавме уште една работна средба со нив.

Пеколните горештини не ги спречија да бидат дел од овој настан и да споделат со нас што тие читаат во слободното време. Од најновите романи до весници, беа дел од нивните одговори. Многу пријатни разговори и размена на искуства течеа за време на состанокот, а се разговараше и за идни заеднички проекти.

Им благодариме од срце на сите што присуствувавте на средбата, а посебно на Претседателката на Организацијата на жени од Општина Битола, Светлана Петковска која ја прифати поканата.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

Објавено од: Слободан Пачовски

20 Jul, 2023