На ден 12.10, повторно ги посетивме првачињата од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, со цел да видиме колку од нив ги искористиле ваучерите кои ги добија како подарок од нашата библиотека за бесплатно членство. На наше големо задоволство, од голем број од првачиња добивме потврден одговор и со радост ни раскажаа дека често доаѓаат во библиотека и изнајмуваат различни сликовници наменети за нивна возраст. Посетата ја искористивме да направиме една интерактивна работилница во која тие имаа можност да се запознаат со делата „Штурецот и мравките“ и „Силјан Штркот“.

Во завршниот дел од часот учениците ни покажаа како тие знаат да бидат креативни и ни ги насликаа штурецот и мравката.

За крај изведовме заклучок дека книгата е непроценливо богатство за кое треба да се грижиме и да го зачуваме за идните генерации.

Благодарност до наставничката Даниела Јончевска од прво одделение и директорката Наташа Ставревска за соработката.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook