На работилницата што се одржа во рамките на НУ Универзитетска Библиотека Св. Климент Охридски – Битола, зедоа учество млади и креативни творци од СОЕУ „Јане Сандански “ – Битола, под менторство на проф. по македонски јазик и книжевсност Лидија Атанасасовска, која воедно е и еден од предавачите на работилницата, заедно со Михајло Свидерски и Елена Богдановска.

Учесниците имаа можност да се запознаат со слем поезијата, нејзината историја и развој, појавните облици и социјалната ангажираност, како и можноста за перформативно изведување на поезија на сцена, со натпреварувачки карактер.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook