Продолжуваме со работилниците наменети за децата со попреченост, кои се дел од проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на децата со попреченост“ поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Нашите мили дечиња: Афродита, Томи, Александар, Кристијан, Никола, Вероника, Артемида и Андреј на оваа работилница беа модни креатори. Уживаа во комбинирањето на облеката и цртање на модни додатоци.
Во оваа работилница се вклучија краетивните професорки од СОУ „Таки Даскало“- Битола, Ема Ќука и Живка Т. Паркет кои заедно со своите ученици од текстилната насока Демир Умер, Ана Трајановска, Сибел Аљији и Тамара Ѓеорѓиевска се вклучија во изработката на моделите и облеката, но и во самата работилница.
Овие ученици ни покажаа зошто инклузијата е важна кога се работи со овие дечиња, нивната насмевка и топлина во работата со децата испраќа силна порака, дека сите сме исти на свој начин.
А ние трудот на нашите учесници го наградивме со едно прекрасно изненадување, а тоа се прекрасни 3Д сликовници кои имаат намена да ја поттикнат љубовта кон книгата и читањето.

Facebook link