Автобиографската книга „Пресек” на Маја Трајковиќ
Маја Трајковиќ, професор по француски и италијански јазик и книжевност, библиотекар, м-р по менаџмент во образование, рецензент за учебници по француски јазик, авторка на книгите „Мрачен и светол дом” и романот за деца „Златна душа”.
Добитничка на наградите „Библиотекар на годината – Павлина Цунева-Маказлиева за 2021 година” од здружението „Средби под јаворите” – Видое Подгорец и Признание за најдобар просветен работник во учебната 2021/22 година од Сојузот на просветните работници и Министерството за образование и наука.
Авторката во книгата „Пресек“ зборува за болните искуства поврзани со лекување од канцер и кажува:
„Идејата ми беше книгата да ми е потсетник за моите тешки времиња, но и истовремено да е белег во општеството колку тоа може да влијае и колку човекот може да се одбрани од неговите лоши влијанија.“
Промоцијата на книгата и разговор со авторката е воедно и прв настан со кој го започнуваме одбележувањето на „Светскиот ден на книгата и авторското право“ (23 април) кој секоја година се прославува ширум светот со цел промовирање на читањето, издаваштвото и авторското право.
Почитувани читатели Ве покануваме да дојдете на средба со авторката Маја Трајковиќ,
на 15.04.2024 г. (понеделник) во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, (салата за промоции) со почеток во 12 часот.