На 20.04.2022 во Хотел Молика се одржа работна сесија на Регионалната средба на Хортикултурни библиотеки во која библиотекарите имаа можност преку презентации да не запознаат со нивната работа од областа на хортикултурата. Учесниците од Македонија, Србија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на оваа работна сесија ни покажаа дека библиотеките се повеќе се ставаат во служба на народот и во одржување на поубава околина за живеење преку најразлични работилници и проекти поврзани со хортикултурата. Вредноста на хортукултурата беше препознаена и поддржана од град Битола, РЕК – Битола, ЈП Комуналец – Битола, БИМИЛК – Битола и Винарска визба „ Бовин“ – Неготино кои после доделување на сертификатите за учество овозможија дегустација на вина од нивната винарска визба.

Facebook link