На 28.06.2024 година се реализира втората работилница од проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето кај деца со попреченост- добри практики“, во неа корисниците на Центарот за поддршка на лица со попреченост „Порака“ имаа можност да се забавуваат и на хумористичен начин да ги запознаат и да ги препознаат карактерните особини на луѓето преку басните.
Проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето кај деца со попреченост – добри практики“ е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и има за цел на забавен начин да ги поттикне лицата со попреченост што повеќе да читаат, и на тој начин да го подобрат нивото на нивното знаење.
Затоа оваа работилница ја искористивме заедно да читаме, разговараме, другаруваме и да се забавуваме со книгите.
За крај библиотекарката им имаше подготвено гатанки, во кои сите присутни уживаа и се натпреваруваа да го дадат точниот одговор.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook