На 17. 02 директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски потпиша меморандуми за соработка со директорката Наташа Ставревска од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола и директорката Жанета Тошеска од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола.

На средбата беа договорени активности на библиотеката и основните училишта, меѓу кои предвидена е заемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата; учество, соработка и реализација на заеднички проекти, како и заедничко одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.

Библиотеката продолжува со низа настани со цел да ги интегрираме децата, учениците, младите и возрасните лица библиотеката да стане нај посакуваното место. Битолската библиотеката е еден од столбовите на духовните, творечките, културолошките и јазичните аспекти на секоја нација, на секоја популација.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook