На ден 7. 04. 2023 година директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Бојан Стефановски потпиша меморандум за соработка со директорката на ООУ „Даме Груев“-Битола, Биљана Дамчевска-Бакиевска.

На овој состанок се разговараше за идните взаемни активности (учество, соработка и реализација на заеднички проекти) кои се опфатени со меморандумот и се приоритет во соработката на овие две институции. Главната цел е подобрување на наставниот процес и користењето на библиотечните услуги преку разни работилници, настани, трибини.

Facebook post