На 26.5.2022 година се реализира последната работилница во рамките на проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“ од НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Нашите јунаци: Кристијан, Марија, Андреј, Афродита, Артемида и Андреј имаа можност да се прошетаат низ библиотеката и да видат што се има во неа. А за да ни биде прошетката поинтерсна, си направивме една преубава фотосесија.

Овие дечиња ни покажаа дека можат да бидат модели. Секој предизвик го исполуваа со огромна желба. Под мотото „Сите сме исти“ и јас и ти и тој и таа, со прегратки и песна го завршивме проектот во кој овие дечиња имаа можност да другаруваат со книгите.

Координатори на проектот: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Вера Марковска и Ирена Колевска

Facebook link