Денес на наше големо задоволство, библиотеката ја посетија учениците од IX одд. од ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола со нивната наставничка по македонски јазик Миме Тасеска-Китановска. Тие имаа можност да се запознаат со целата постапка која ја спроведува нашата библиотека од самиот прием на книги до нивното издавање, како и запознавање со големиот фонд на книги, списанија, дробен печат, роднокрајна збирка и начинот на користење на читалните. Прошетката помина низ пријатен разговор за разликите помеѓу книгите и интернетот. Како да пребаруваат на нашата web страна кога им треба некоја книга. На крај со топол поздрав ги испративме, со желба за скоро видување.

Facebook link