На ден 27.11.2023 година не посетија дел од учениците од ITcrowd MK.

Тие направија интересно поврзување на поимот библиотека и библиотека во компјутерската наука.

„Библиотека” доаѓа од латинскиот збор „liber“, што значи „книга“. Како што знаеме, библиотеката е зграда или просторија што содржи збирки на книги, а тие книги се користат за читање, консултации, проучување, истражување од страна на читателите, учениците итн.

Додека „библиотека“ во компјутерската наука е збирка на претходно напишани функции кои програмерите можат да ги реискористуваат во своите апликации. Во неа чуваме класи, а од нив креираме објекти и така наследуваме функционалности.

Интересен факт: Идејата за компјутерска библиотека датира од првите компјутери создадени во 19 век (Analytical Engine, генерално се смета за прв компјутер, дизајниран и делумно изграден од англискиот пронаоѓач Charles Babbage)

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB facebook