26 јануари e Светски ден кој е посветен за едукација за заштита на животната средина.

По тој повод нашата библиотека заедно со учениците од САБА под менторство на наставничката Бисера Бијелиќ-Стојчевска и учениците од ООУ „д-р Трифун Пановски“-Битола подготвија прекрасни видеа и цртежи, кои имаат за цел да ја подигнат свеста за потребата од ваква едукација за заштита на животната средина. Во нивните презентации тие ги посочија главните проблеми и навики кои влијаат штетно на околината а од друга страна го потенцираа значењето и убавина да имаме чиста животна средина.

26 Јануари е прогласен за Светски ден за едукација за заштита на животната средина уште во 1975 година. Оваа иницијатива била предложена од страна на Обединетите Нации по одржаниот “Меѓународен Семинар за еколошко образование” (UNESCO-UNEP) во Белград, во тогашна Југославија, од 13 до 22 октомври истата година. Како резултат на овој семинар бил објавен документот “Белградска повелба”, кој ги утврдува целите, целните групи и основните насоки на програмите за еколошка едукација на глобално ниво.

Средината во која живееме од ден на ден се повеќе покажува знаци на негрижа и масовно уништување на природните ресурси и средината во која живееме.

Од овој светски проблем сме засегнати сите.

Јавноста мора да биде информирана, свесна и едуцирана за ова прашање, да се изнајдат начини и да се започне со спроведување на акции со кои ќе се направат сериозни промени.

На денешниот настан со свои презентации се претставија Теодора Мицеска, Михаела Неделковска, Крсте Китевски, Бојан Велески, Лука Стојановски и Мартин Трајкоски и Христијан Лазоски ученици од Приватната гимназија САБА и од ООУ„ д-р Трифун Пановски“ со своја презентација ни се претстават ученичките Бојана Маневска и Милена Јаковлевска под менторство на наставничката Николина Врџовска.

За крај ги разгледавме книгите кои се дел од изложбата поставена во холот на библиотеката и разговаравме за наредни активности поврзани со екологија и едукација за заштита на животната средина.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook