Денес нашата библиотека ја посетија учениците од III-2 и III-3 одделение од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола со наставничките Наташа Алабаковска Апчевска и Роза Георгиевска.
Посетата ја започнавме со посета на детскиот оддел, потоа го разгледавме музејот. Учениците имаа можност да слушнат една прекрасна приказна од сликовницата „ЗАЈАЧЕТО СЛУШАШЕ“ од Кори Доерфелд, по што следуваше разговор за оваа прекрасна приказна.
Учениците од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола имаа можност да ја посетат изложбата на тема: „Стоп за насилството врз жените“ која беше поставена во холот на библиотеката. После посетата на изложбата со учениците се реализираше работилница на тема „Стоп за насилството“.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook