Во организација на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, ООУ „Коле Канински“ – Битола и Ротари клубот „Широк Сокак“ – Битола на ден 19.04.2023 година се одржа работилница на тема „Одбери ја својата професија“.

Учениците од 9 одделение имаа можност да слушнат различни професии од нашите говорници:

– Билјана Петровиќ – биотехнолог,

– Ѓорѓи Мијалчев – информатичар,

Лидија Павловска – одделенски наставник,

– Маргарита Камбовска – доктор, педијатар,

– Марта Соклевска – администратор за човечки ресурси,

– Светлана Глигоровска – педагог,

– Билјана Врчал Ванчевска – стоматолог.

Почитуваните говорници предложија и некои чекори што можат учениците да ги превземат, со цел да им помогнат да го одредат нивното идно занимање:

– Идентификувајте ги вашите интереси и страсти. Размислете што уживате да правите и кои теми или области ви се интересни,

– Размислете за вашите вештини и силни страни. Размислете за работите во кои сте добри и областите каде што се истакнувате,

– Истражувајте ги потенцијалните кариери. Погледнете во различни работни места и кариери кои се усогласени со вашите интереси и вештини,

– Побарајте совет од училишниот педагог и психолог, професионалци, кариерните центри. Разговарајте со луѓе кои работат во областите за кои сте заинтересирани за да добиете увид во нивната секојдневна работа и потребните квалификации,

– Добијте искуство преку волонтерство. Ова ќе ви помогне подобро да ги разберете различните кариери и да видите дали тие се погодни за вас.

На крај на настанот се истакна дека сепак изборот на кариера е процес и во ред е да се одвои време за да ги истражат различни опции и да откријат што е најдобро за вас. Колку значи да си го насочиме сонот кон она што ние го сакаме, а не што ни велат останатите.

Им благодариме на директорката Дијана Толевска Христовска, Советот на родители при училиштето ООУ „Коле Канински“- Битола и на претседателката Марија Наумовска за иницијативата за соработка со нашата библиотека. Активноста е во рамки на потпишаниот меморанду за соработка.

Модератор на настанот беше м-р Фатма Бајрам Аземовска,

раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.

Повеќе фотографии од настанот на следниот линк: NUUB Facebook