Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одбележа 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик со учениците со оштетен слух од ОУРЦ „Кочо Рацин” – Битола и ученици од трето одделение од редовната настава во ООУ „Даме Груев“ – Битола.
Во оваа работилница учениците можеа да другаруваат и да научат како да комуницираат со лица (деца) кои имаат оштетен слух. Со помош на Сузана Станоевска – презентер и Мери Нестороска – толкувач на знаковен јазик сите заедно можевме да ја научиме знаковната азбука со една и две раце и неколку основни знаци за запознавање.
Учениците со оштетен слух од I до IX одделение од ОУРЦ „Кочо Рацин” – Битола, имаа можност да бидат учители и да им покажат на учениците дека помеѓу нив не постои разлика, дека преку мимики и со помош на знаковниот јазик тие можат да ги срушат сите бариери и заедно да другаруваат.
Библиотеката уште еднаш покажа дека е топло катче каде сите можат да другаруваат.
Благодарност до тимот од ОУРЦ „Кочо Рацин” – Битола, Ивана Карајанова – претседател на библиотекарската секција Сузана Станоевска – презентер Мери Нестороска – точкувач на знаковен јазик Лиле Христова – одделенски раковидител на ученици со оштетен слух Кристина Трајчевска – педагог, и до директорката на ООУ „Даме Груев“ – Битола Биљана Дамчевска-Бакиевска, специјален едукатор и рехабилитатор Катерина Митревска, учениците од III-в со одделенскиот наставник Весна Беровска и одделенски наставник Христина Апостоловска.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook