Овој пат светот на бајките не однесе во една царство каде што си живееше едно прекрасно девојче по име Снежана и една многу лоша и завидлива кралица. Прекрасна бајка со која растат генерации и генерации, а пренесува моќна порака: „ Доброто секогаш победува и покрај сите лоши работи кои ни се случуваат, секогаш има добри луѓе кое се тука да ни помогнат.“

Светот на бајките е волшебно место во него живеат принцези, принцови, џуџиња, самовили но и по некоја лоша вештерка. Во нив доброто секогаш се бори против лошото.

Но бајките не се само за деца, и на нас возрасните ни требаат бајките. Да се потрудиме сите заедно да придонесеме секогаш да победува доброто.

Пред преполната сала во нашата библиотека, прекрасна бајка Снежана и седумте џуџиња ја изведоа учениците од второ а одделение од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, заедно со неколку ученици од осмо одделение. Учениците оваа бајка ни ја подготвија под менторство на наставничката по македонски јазик Александра Упале и одделенската наставничка Весна Јанкулоска.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook