Што ни треба за една новогодишна бајка?
Елка, камин, поклончиња, насмеани дечиња и едно од џуџињата на Дедо Мраз. Тоа е се што ни требаше за новогодишната бајка што се реализира во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола за децата на вработените во библиотеката. Многу волшепства, боење, играње и незаборавно дружење со прекрасната Весела Богдановиќ која оваа година беше едно од вредните џуџиња на Дедо Мраз.
Да ја испратиме оваа година весели и насмеани, да ги паметиме само убавите работи што се случувале во неа, а новата година да ја дочекаме повесели, по радосни, посреќни. Нека новогодишната бајка ни трае цела година.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook