На ден 12.09.2022 година, директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски оствари состанок со г-динот Роналд Шункнехт од германската организација Југендстил. На состанокот присутни беа програмскиот раководител м-р Јелена Петровска и м-р Фатма Бајрам Аземовска раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.
На состанокот се разговараше за новиот Еразмус проект на Библиотеката „Sasas Jekhvar Jekh“ односно за негово продолжување во наредните две години.
Партнерите од Бугарија, Германија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Романија, Србија и Турција ги постигнаа следните проектни резултати во минатиот проект:
Следниве проектни резултати беа постигнати:
1. Избрани се 40 ромски бајки (5 бајки по земја партнер) кои ќе бидат објавени во Европската книга за ромски бајки. Тие ги опфаќаат сите категории на бајки и ја разгледуваат хетерогеноста на ромските заедници.
2. Во секоја земја партнер беше идентификувана издавачка куќа подготвена да ја објави книгата за ромска бајка.
3. Најмалку три познати ромски личности од уметност/култура/спорт/економија од секоја земја-партнер се изјаснија дека се подготвени да ја рекламираат книгата за ромска бајка.
„Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат поинтелигентни, читајте им повеќе бајки“.
Алберт Ајнштајн