Во чест на денот на жената 8-ми март, НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и Ротаракт Клуб Широк Сокак Битола организираме панел дискусија со д-р Јелена Петровска.
Март е месец на свесноста за ендометриозата. Ако не сте слушнале за ендометриоза, не сте сами. Иако се проценува дека околу 10% од светската популација е дијагностицирана со ендометриоза, тоа е болест на која и се обрнува малку внимание.
Ендометриозата е состојба кога ткиво слично на слузницата на матката се наоѓа на други делови од телото. Огромното мнозинство на ендометриоза се наоѓа во карличната област, но, во ретки случаи, таа е пронајдена на или над дијафрагмата, вклучително и на окото, белите дробови и мозокот.

Ве очекуваме на 6 -ти март, во 18 часот во просториите на Библиотеката.

Влез слободен.