Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и Едукативен центар „SmartHead“, по повод 24 мај – Ден на сесловенските просветители и учители светите браќа Кирил и Методиј, распишува литературен и ликовен конкурс на тема:
„Танцот на глаголицата и кирилицата“
Конкурсот е наменет за учениците од I-IX од основните училишта во општина Битола.
Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме учениците да пишуваат, да цртаат, да го промовираат и афирмираат своето креативно и уметничко творештво.
Секој ученик има право да учествува со една поетска творба или расказ на темата, напишани во формат times new roman, со македонска поддршка, со големина 12, како и еден цртеж.
Творбите и цртежите треба да ги содржат следниве податоци: име и презиме, возраст, адреса, телефонски број (име на ментор – не е задолжително да имате ментор).
Литературните творби треба да се достават на следниот е-мail: nuub.bitola@gmail.com
Цртежите да се достават во библиотеката, кај библиотекарката м-р Гордана Ѓорѓиевска Неделковски со следниве податоци: име и презиме, возраст, адреса, телефонски број (име на ментор – не е задолжително да имате ментор).
Творбите и цртежите за конкурсот да се достават до 20.05.2023 година.
Најдобрите 3 цртежи и творби ќе бидат наградени.