На 13.02.2023 година нашата библиотека ја посетија учениците од прва, втора и трета година од графичката струка од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ – Скопје, дисперзирана паралелка во Битола, со професорката по македонски јазик Елизабета Јончиќ и Елена Чукалеска професорката по теоретски графички предмети и практична настава.
Целта на оваа посета беше учениците да се запознаат со библиотеката, да ги видат различните повези на книги, но и самите да бидат креативни. На работилницата тие имаа задача да илустрираат корица за книга, да творат текст но и да читаат.
Библиотеката од секогаш е катче за сите. Место каде секој може да биде креативен и да научи нешто ново. Многу малку во нашиот град некој знае дека постои оваа паралелка, во која наставниците го даваат максимумот овие деца да можат да научат што е многу повеќе за утре сами да можат да заработуваат за живот. Учениците од оваа паралелка: Теа, Тео, Јована, Никола, Никола, Стефан, Мартин и Илми учат да бидат идни графичари. Во нивната наставната програма тие учат се за книгата од нејзиното печатење до нејзино врзување со различни повези, да бидат креативни и да можат да придонесат за заедницата.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола и оваа година доби поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија за работа со лица со попреченост.
Сите заедно да направиме подобра средина за овие деца.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook