ЖЕНА – спој на уникатност, моќ, истрајност…

Одбележувајќи го Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола заедно со учениците од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ и нивните менторки професорките Весна Мундишевска-Велјановска, Катерина Спасовска-Маурдева и Снежана Паскова во месеците февруари и март изработија широка палета производи од книжна галантерија кои ќе бидат подарени на нашите верни читателки во вторник. Разновидните изработки со пораки за жената (тефтерчиња, пликови, папки, обележувачи за книги и картички, паспартуа, честитки), надополнети со привезоци-нотеси, организери за картички, оригами, персонализирани чоколади и др. создадоа многубојна палета со која сакаме да им го направиме денот посреќен на нашите верни читателки!

Нека секој ден биде ваш ден!!!

Facebook link