За да се почувствуваат придобивките од гласното читање, денес кампањата ја продолжуваме и во средните училишта, најпрво со обработка на книгата “Декамерон” од италијанскиот писател Џовани Бокачо.
Декамерон е збирка од 100 новели која Бокачо ја издал во 1353 година и која кореспондира со сегашната пост пандемска состојба.
За време на чумата, а и после неа, група млади луѓе се засолнуваат во една куќа надвор од градот и определуваат секој ден крал или кралица кој им задава задачи на определена тема да раскажуваат гласно.
Токму и денес се реализираа активности за гласно читање, прераскажување и самостојна анализа на ликови од прочитани новели. Со оваа активност ги развиваме когнитивните способности кај учениците, ги подобруваме јазичните вештини, ги приспособуваме за разбирање на прочитаното, развивање на способност за помнење и концентрација, како и развивање на способноста за анализа и синтеза при гласно читање.
Активноста ја реализиравме во соработка со СОУ ”Јане Сандансkи” од Битола, со ученици од прва година. Благодарност до директорката на училиштето Биљана Јанкуловска и професорката Xристина Захариева.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook