На 7 април 2023 година во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа втората работилница од проектот „Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ насловена „Како до убава фотографија“.

На работилницата учествуваа ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, ученици од ООУ „Коле Канински“, ученици од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ и претставници од невладиниот сектор. Се за историјата на фотоапаратите, за развојот на фотографијата, за видовите на фотографија и како да до поубава фотографија зборуваше нашиот гостин фоторепортерот Сашо Ристевски, сопственик – главен и одговорен уредник на порталот BitolaNews.

Пред љубителите на фотографирањето тој покажа различни техники и начини како да се стигне до поубава фотографија, како да се одреди целта на фотографијата и како да ги доловиме вистинските моменти кои ќе останат вечно на една фотографија.

На прашањето како до убаво селфи и за уште многу други прашања можеа да слушнат одговор од гостинот.

Оваа работилница е дел од проектот „Биди свој! Креативни програми за сите возрасти“ кој е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Координатори на проектот

Маријан Колевски

М-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook