Во НУУБ „Св. Климент Охридски оваа година се спроведува годишна ревизија на библиотечниот фонд предвидена со Законот и правилници од областа на библиотечното работење, а се очекува да заврши до крајот на овој месец.
Во неодамнешната посета на библиотеките од Винковци и Вуковар (Р. Хрватска) имавме прилика да се запознаеме искуства на хрватските библиотекариво врска со постапките за ракување со библиотечниот фонд, излачување на граѓата, ревизија и отпис, како и просторни решенија за чување на фондот.


Библиотекарите редовно вршат годишна ревизија и отпис на библиотечниот материјал, а на секој десет години и редовна ревизија предвидена со законите и правилници од областа на библиотечното работење. Неактуелна библиотечна граѓа, особено популарна литература по критериумите за читаност и оштетеност на материјалите, по добиена согласност и одобрение од Националната библиотека, се продава во холот на библиотеката по исклучително ниски цени. Со оглед дека се работи за релативно понови наслови, заинтересираноста на корисниците е голема.
Во Вуковарската библиотека во тек е продажба на книгите за сите возрасти, и програми за популаризација на оваа акција. Книгите кои нема да исполнат критериумите на крајот се рециклираат во стара хартија.
На тој начин библиотекарите одговорно и стручно се грижат за сместувањето на библиотечниот фонд, а просториите (ткн. отворен фонд) не се оптоварени со застарена литература, со што наполно исполнувааѕ интересите и барањата на своите читатели
Подготвиле:
Јелена Петровска
Милка Котевска

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook