Насловот на изложбата „Помеѓу јаве и сон“ е инспириран од истоимената песна на Лаза Костиќ во која поетот опишува посебна состојба на духот во кој се губи границата помеѓу имагинарниот и реалниот свет.
Ослушнувајќи ги импулсите на своето срце и занес, авторката Јасмина Иванковиќ е свртена кон своето битие. Таа создава мозаик на уметничкиот свет со вез, ткаење, хеклање и со други техники, во кои освен срцето, алатки за работа се рацете и плетењето.

Сè е создадено во ритамот на стихот:

„Срце мое самохрано,
кој те покани во мојот дом?
Неуморна плетачке,
Што плетиво плетеш тенко
помеѓу јаве и сон “.
Неуморната плетачка Јасмина Иванковиќ со плетење се обидува да ги поврзе невидливите нишки на човечката душа, бегајќи од мрачната реалност која не демнеше целата 2020 година, но давајќи ни надеж дека убавината е секогаш присутна, правејќи ги луѓето повозвишени и поблагородни. Нејзините ракотворби во 2021 година ќе бидат лековити за сите оние кои ја ценат креативноста и самосвеста:
„Срце мое, лудо срце,
Што ти мислиш за плетењето?
Ко плетачка онаа стара,
денот што ткае, во ноќта го пара,
помеѓу јаве и сон“.
Затоа изложбата треба да се погледне и во срцето да се сочува.
Проф. д-р Милорад Ѓоковиќ